ОСУМЧАСОВЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ЕВН најави интервенции

ОСУМЧАСОВЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ЕВН најави интервенции

Неколку населени места на подрачјето на општините Студеничани и Сопиште денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на ЕВН Македонија. Од компанијата соопштуваат дека прекинот ќе трае од 8 до 16 часот и дека се работи за редовни технички активности на мрежата.

Во наведениот период ќе биде прекинато снабдувањето кон корисниците во Осинчани, Држилово, Патишка Река, Елово, Малчиште, Јаболци, Црн Врв и Нова Брезница, како и во повеќе викенд-населби и стопански објекти во околината, меѓу кои викендичките при Патишка Река и Држилово, Ловиштето Јасен, каменоломот на „Вардар Градба“, Сателитскиот центар Нова Брезница и фирмите Рудпроект и Карст Јаболци.

Оттаму апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на прекинот и додаваат дека снабдувањето со струја ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршувањето на зафатите.

CATEGORIES
Share This