ОСУДЕНИК ОД ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО СВР Скопје му поднесе кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. (35) од Скопје, поради основано сомнение за извршување на кривичното дело „убиство“. Според информациите, на 5 август 2025 година, во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, осомничениот, кој е осуденик, физички го нападнал И.Т. (62), исто така осуденик. По претходно недоразбирање, Д.С. со стаклен предмет му нанел повреди на И.Т., по што тој починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Оваа информација е потврдена од Министерството за внатрешни работи.
CATEGORIES Македонија


