ОСТАВКАТА НА ЈЕРМАК – Корупција или шоу и ПР маневар
Захарова ја оцени оставката на Јермак како уште еден ПР трик на Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека оставката на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претставува „ПР потег на киевскиот режим“. Таа додаде дека нападот врз Каспискиот нафтовод конзорциум (КТК) е терористички чин.
„Сето ова е уште еден ПР трик на Киев. Тие сечат вреќа со песок за да го одржат својот меур. Не станува збор само за оставката, туку за прашањето дали целата оваа група ќе одговара пред правдата – не само за домашни злоупотреби, како проневерување на средства, туку и за меѓународни криминали“, изјави Захарова, пренесуваат руските медиуми.
Таа истакна дека Русија ќе ги информира меѓународните организации за „терористичкиот напад“ врз инфраструктурата на КТК, кој, според неа, е изведен од Украина.
„Веќе им е јасно на сите дека оваа меѓународна терористичка неонацистичка ќелија претставува закана за светската безбедност“, додаде Захарова.
Според податоците на КТК, украински сили ноќта извршиле напад со беспилотни чамци на морскиот терминал во близина на Новоросијск. Нафтоводот, долг околу 1.500 километри, ги поврзува нафтените полиња во западен Казахстан со Црното Море и е клучен коридор за извозот на казахстанската нафта, кој во повеќе од 80% од случаите оди преку оваа траса.
Во меѓувреме, украинските антикорупциски служби ја претресоа канцеларијата и станот на Јермак, што тој го потврди. Набрзо потоа, Зеленски ја прифати неговата оставка.
Национал веќе пишуваше за Јермак кој повеќе го придружува Зеленски од неговата сопруга и што се крие зад оставката на Јермак како човек од бункерот .

