ОСОМНИЧЕН АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ Проширена истрагата за трагедијата во Кочани

По судска наредба, извршени се претреси на локации во Скопје и Пробиштип. Притоа е одземена обемна документација и електронска опрема. Нацев е приведен, а Обвинителството најави поднесување барање за притвор до Основниот кривичен суд во Кочани.

ОСОМНИЧЕН АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ Проширена истрагата за трагедијата во Кочани
Фото: Принтскрин

Обвинителството ја прошири истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Новоосомничен во случајот е Александар Нацев, поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен директор на Центарот за безбедносни истражувања.

Според Обвинителството, Нацев се смета за реален сопственик и одговорно лице во агенцијата за обезбедување која без законска дозвола вршела надзор во објектот. Наводно, фирмата немала склучен договор со дискотеката, ниту обезбедила безбедносна проценка, план за евакуација или проценка на ризик од пожар, што е спротивно на Законот за приватно обезбедување.

Во критичната вечер, обезбедувањето не го контролирало влезот, дозволило пренатрупаност, присуство на малолетни лица и внес на пиротехника, што директно придонело за избувнувањето на пожарот.

По судска наредба, извршени се претреси на локации во Скопје и Пробиштип. Притоа е одземена обемна документација и електронска опрема. Нацев е приведен, а Обвинителството најави поднесување барање за притвор до Основниот кривичен суд во Кочани.

Александар Нацев е поранешен директор на Дирекцијата за заштита на класифицирани информации (2015–2017), во време на премиерот Никола Груевски. Долги години бил портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и еден од јавните лица на партијата. Во моментов е професор на Факултетот за безбедност.

CATEGORIES
TAGS
Share This