ОРГАНСКА ХРАНА ШТО НЕ МОРА ДА ЧИНИ МНОГУ – Секојдневни избори со dmBio
Сите dmBio производи се произведени според најстроги стандарди за органско производство, без вештачки бои, ароми и конзерванси, со внимателно одбрани состојки кои го зачувуваат природниот вкус и висок квалитет.

Грижата за здравјето и свесниот однос кон природата сè почесто започнуваат од чинијата, преку изборот на квалитетна, природна и внимателно одбрана храна. Органската исхрана денес не мора да биде недостапна или скапа, туку може лесно да стане дел од секојдневието и од семејната трпеза. Токму затоа, со повеќе од 400 сертифицирани органски производи од сопствената марка dmBio, dm нуди богата, разновидна и внимателно селектирана понуда по секогаш поволни цени.
Сите dmBio производи се произведени според најстроги стандарди за органско производство, без вештачки бои, ароми и конзерванси, со внимателно одбрани состојки кои го зачувуваат природниот вкус и висок квалитет. Изборот е широк и практичен, а од понудата на dmBio издвојуваме и четири производи кои се идеални за секојдневна употреба и лесно се вклопуваат во динамичниот ритам на модерното секојдневие.
Крупни овесни снегулки
Крупните овесни снегулки dmBio се подготвени од цели зрна овес кои се обработуваат на пареа и потоа се мелат, со што се зачувуваат нивните важни нутритивни вредности. Совршени се за подготовка на хранлив појадок, како мусли или овесна каша, но и како состојка во колачи, бисквити или вегетаријански плескавици. Производот е вегански и претставува одличен извор на енергија за почеток на денот.
Органски овесен напиток
Овој органски напиток на база на овес се одликува со благ и природен вкус. Природно е без лактоза и млечни протеини, без додаден шеќер, а шеќерите кои ги содржи се со природно потекло. Идеален е за консумирање самостојно, во кафе, мусли, смути, како и за готвење и печење слатки јадења.



