ЃОРЧЕВ ЗА 2001 Тоа не беше македонско-албанска војна, туку албанско-албанска пресметка
Ѓорчев истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ништо не придонел за правата на Албанците, туку единствено ги внел терористите од Косово во земјата.

Марјан Ѓорчев, министер во владата на Љубчо Георгиевски (1999–2002), откри детали за случувањата во Охрид за време на потпишувањето на Рамковниот договор.
Според него, војната во 2001 година не била војна на Албанците против државата, туку меѓуалбанска борба за тоа кој ќе ги претставува Албанците во Македонија.
Во телевизиско гостување, Ѓорчев истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ништо не придонел за правата на Албанците, туку единствено ги внел терористите од Косово во земјата.
„Ние уште пред тоа отворивме Штулов универзитет, обезбедивме учење на мајчин јазик, предвидовме користење на јазик во пасошите и личните карти, како и употреба на националните симболи. Сите тие закони беа во процедура. Ахмети ништо не направи освен што зацрни многу мајки со црни шамии,“ изјави Ѓорчев.


