ОРБАН ЗА ПОСЕТАТА НА РУБИО – Помагаме за мирно решение

Целта е подобро информирани одлуки за мирно решение на конфликтот во Украина

ОРБАН ЗА ПОСЕТАТА НА РУБИО – Помагаме за мирно решение
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Централна Европа и конфликтот во Украина, со цел да се придонесе кон мирно решение. Тој ја коментираше посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио во Будимпешта.

„Ние им помагаме да донесат правилна одлука сега. Америка е далеку, Централна Европа е комплексна и тешко се разбира, па гледаат на војната од поинаква перспектива. Токму тука се обидувам да им помогнам“, рече Орбан.

Премиерот додаде дека им нуди поширока, историски пообемна и подлабока перспектива, за САД да можат да направат вистински избор во насока на мирно решение.

За време на посетата, Рубио изјави дека САД се заинтересирани за прекин на непријателствата во Украина, но не сакаат никого да принудат, туку само да помогнат.

CATEGORIES
Share This