ОРБАН СМИРУВА Средбата Трамп-Путин сè уште не е откажана

Трамп изјави дека не сака „залудна средба“ со Путин, но наговести дека наскоро можат да се очекуваат нови развојни настани и дека јавноста ќе биде информирана во наредните два дена.

ОРБАН СМИРУВА Средбата Трамп-Путин сè уште не е откажана
Фото: Принтскрин

Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин во Будимешта сè уште траат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На својот Фејсбук профил, Орбан напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, моментално е во Вашингтон за продолжување на разговорите, додека точниот датум за средбата сè уште не е утврден.

„Самитот ќе се одржи кога ќе дојде време“, вели Орбан.

Претходно беше најавено дека Трамп и Путин ќе се сретнат во Унгарија за да дискутираат за можни решенија за конфликтот во Украина. Меѓутоа, плановите беа одложени откако Москва го отфрли предлогот за итно прекинување на огнот, ставајќи ги во прашање почетокот на преговорите.

Трамп изјави дека не сака „залудна средба“ со Путин, но наговести дека наскоро можат да се очекуваат нови развојни настани и дека јавноста ќе биде информирана во наредните два дена.

CATEGORIES
Share This