ОРБАН НАЈАВИ ПОЧЕТОК НА АНТИВОЕНА КАМПАЊА „Ние, Унгарците, не сакаме да се бориме“

ОРБАН НАЈАВИ ПОЧЕТОК НА АНТИВОЕНА КАМПАЊА „Ние, Унгарците, не сакаме да се бориме“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави почеток на антивоена кампања со мировни митинзи низ земјата, во знак на спротивставување на, како што рече, „воинствената политика на ЕУ“ во поддршката на Украина.

„Опасноста од ширење на војната е поголема од кога било. Ние, Унгарците, не сакаме да се бориме“, изјави Орбан во видео обраќање. Првиот митинг ќе се одржи на 15 ноември во Ѓер.

Тој потсети на неодамнешниот „Марш на мирот“ во Будимпешта, на кој учествуваа околу 80.000 луѓе, нарекувајќи го „фантастичен успех“. Министертот за надворешни работи Петер Сијарто најави дека ќе се приклучи на кампањата.

CATEGORIES
Share This