ЃОРЃИЕВСКИ ВО ВОДСТВО ЗА ГРАД СКОПЈЕ – ВМРО-ДПМНЕ доминантен во скопските општини
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат предност и во поголем дел од скопските општини

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), води со 42,64% од гласовите. Зад него се: Амар Мециновиќ (Левица) со 12,83%,, Башким Бакиу (ВРЕДИ) со 11,69%, Каја Шукова (СДСМ) со 11,41% и Скендер Реџепи (НАИ) со 10,52%.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат предност и во поголем дел од скопските општини:
-
Аеродром: Дејан Митевски (ВМРО-ДПМНЕ) – 55,77%, Александар Трајановски (СДСМ) – 17,69%.
-
Бутел: Дарко Костовски (ВМРО-ДПМНЕ) – 43,24%, Исамедин Азизи (НАИ) – 35,60%.
-
Гази Баба: Бобан Стефковски (ВМРО-ДПМНЕ) – 55,62%, Влатко Митовски (СДСМ) – 20,20%.
-
Ѓорче Петров: Александар Стојковски (ВМРО-ДПМНЕ) – 59,90%, Костадин Ацевски (СДСМ) – 21,99%.
-
Карпош: Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) – 35,29%, Стевчо Јакимовски (ГРОМ) – 29,41%.
-
Кисела Вода: Бети Стаменковска Трајковска (ВМРО-ДПМНЕ) – 58,99%, Јане Ацевски (Левица) – 16,65%.
-
Центар: Горан Герасимовски (СДСМ) – 41,74%, Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ) – 28,50%.
-
Сарај: Блерант Рамадани (НАИ) – 50,17%, Мухамет Елмази (ВРЕДИ) – 48,12%.
-
Чаир: Изет Меџити (ВРЕДИ) – 51,55%, Бујар Османи (НАИ) – 37,66%.
-
Шуто Оризари: Курто Дудуш (Унија на Роми) – 37,11%, Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ) – 26,98%.


