ЃОРЃИЕВСКИ СО МЕТЛА ВО РАКА – 4.500 тони ѓубре помалку во Скопје

Во акцијата за чистење на Скопје биле собрани над 4.500 тони отпад и ангажирани повеќе од 2.500 работници.

ЃОРЃИЕВСКИ СО МЕТЛА ВО РАКА – 4.500 тони ѓубре помалку во Скопје
Фото: Национал

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави построги казни за сите граѓани и правни лица кои во иднина ќе го одлагаат отпадот на несоодветен начин.

Во првите 72 часа по преземањето на функцијата, тој ја започна големата акција за чистење на градот, во која, според податоците, биле собрани над 4.500 тони отпад, а учествувале повеќе од 2.500 работници.

„Го исчистивме Плоштадот „Македонија“, речното корито на Вардар, Градскиот парк, Жена парк и сите други локации кои со години беа срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на нечисто Скопје – изјави Ѓорѓиевски.

Досега се изречени повеќе од 40 казни и 70 опомени за несовесни граѓани и компании. Акцијата за чистење ќе продолжи, а градоначалникот порача дека ќе следат строги санкции за сите кои ќе го загадуваат градот.

CATEGORIES
TAGS
Share This