ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 800.000 ЕВРА ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ – Тендерите без конкуренција

Најголем дел од тендерите немале конкуренција, а една фирма добила речиси 80% од сите договори

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 800.000 ЕВРА ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ – Тендерите без конкуренција
Фото: Принтскрин

Центарот за граѓански комуникации објави истражување за тендерите за новогодишно украсување спроведени од општините. Според податоците, 36 општини имале такви тендерски постапки.

Најголемиот дел од тендерите ги спровеле самите општини, додека помал број биле организирани преку локални јавни претпријатија. Од 36-те општини, 31 ги доставиле договорите за украсување до Електронскиот систем за јавни набавки заклучно со 12 јануари 2026 година. Шест општини сè уште не доставиле информации, иако законскиот рок е 10 дена по склучување на договорите.

Вкупната вредност на досега објавените договори изнесува 48.297.986 денари (околу 785.333 евра). Сепак, се очекува износот да се зголеми откако ќе пристигнат податоците од преостанатите општини – Гостивар, Струга, Пробиштип, Пехчево, Крива Паланка и Новаци (која има набавка за новогодишен огномет).

Анализата покажува значителни разлики во трошоците меѓу општините, без јасно објаснување за обемот и содржината на услугите. Највисок договор достигнува над 80.000 евра, додека други општини за истата намена издвоиле многу помали износи. Најмногу пари потрошила Општина Штип – 81.000 евра, додека Градот Скопје и пет скопски општини заедно потрошиле 185.000 евра, сите преку иста фирма.

Штип потрошил 111 денари по жител за украсување, додека Скопје само 8 денари. Истражувањето покажува и дека на 81% од тендерите немало конкуренција, односно учествувала само една фирма. Така, компанијата Линк Медиа Плус добила 78% од вкупната вредност на сите тендери за новогодишно украсување во земјава.

CATEGORIES
Share This