ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА СЛАВИ – Излегоа на улиците во 30 земји по апсењето на Мадуро
Храбрите Венецуелци ширум светот го прославуваат чекорот кон транзиција и слобода

На платформата X, Мачадо изјави дека „Венецуела ќе стане главен сојузник на Соединетите Американски Држави во областите на безбедност, енергетика, демократија и човекови права“, објави порталот Bitlyanews.
„Храбрите луѓе на Венецуела излегоа на улиците во 30 земји и 130 градови ширум светот за да го прослават огромниот чекор што го означува неизбежниот и претстојниот преод во Венецуела. Ние, Венецуелците, му благодариме на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација за цврстината и решителноста во почитувањето на законот. Слободата за Венецуела е блиску и наскоро ќе славиме во нашата земја. Ќе викаме, ќе се молиме и ќе се прегрнуваме како семејства, затоа што нашите деца ќе се вратат дома“, – рече Мачадо.
Во сабота, на 3 јануари, околу 2:00 часот по локално време, САД извршија апсење на Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во воена операција во Каракас. Тие беа пренесени во притворска единица во Њујорк, каде ќе останат за време на судењето по обвинението за шверц со дрога и оружје, кое започна истиот ден.


