ОПАДНАТ БРОЈ НА ПРВАЧИЊА ВО ГРАДОВИТЕ НА ИСТОКОТ Наместо во Македонија седнуваат во училишни клупи во странств
Законот предвидува казни за родителите кои не ги запишат своите деца во прво одделение, но праксата покажува дека секоја година најмалку десетина паралелки наместо во Македонија, за прв пат седнуваат во училишните клупи во странство.

Околу 100 првачиња во Штип „испарија“. Мајскиот уписен рок заврши со 100 ученици помалку отколку лани, кога бројот на првачиња надминувал 400. Иако овие деца се евидентирани во матичната регистрација, тие не се запишани во училиштата.
Штип не е единствената општина на истокот каде што секоја година се намалува бројот на првачиња. Слична состојба владее и во другите градови од овој регион. Во кочанските основни училишта, на пример, бројот на првачиња е намален за 20% во споредба со пред десет години.
За разлика од градовите, во руралните средини на истокот има благ пораст на бројот на запишани првачиња, што дава надеж за иднината.
Во другите градови од истокот, намалувањето на бројот на првачиња продолжува. Во Берово има 20 првачиња помалку од лани, во Делчево бројот е намален за 13, додека во Виница бројката останува иста како лани.