ООУ ЉУБЕН ЛАПЕ СЕ ПРОСТИ ОД ПАНЧО ОД ДНК – Вечна ти слава
Инаку, Панчо почина денеска, по седуммесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.

Фото: ООУ „Љубен Лапе“
Основното општинско училиште “Љубен Лапе” Аеродром кое се наоѓа во населбата Аеродром и во кое Владимир Блажев – Панчо од ДНК ги поминал училишните денови преку објава на социјалните мрежи се прости од својот поранешен ученик.
„Како колектив изразуваме длабоко жалење за веста која со неверување ја примивме денес – нашиот поранешен ученик Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди. Овој пост му го посветуваме нему, а преку него освен длабоко жалење сакаме да ја изразиме и нашата благодарност и чест што ги познававме и што имавме чест да соработуваме со членовите на бендот ДНК – прекрасни хумани луѓе кои секогаш несебично учествуваа во сé што значеше да се помогне некому, а за нив секогаш приоритет беа децата. ВЕЧНА ИМ СЛАВА се вели во објавата на ООУ „Љубен Лапе“.
Инаку, Панчо почина денеска, по седуммесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.

CATEGORIES Македонија


