ЈОКИЌ СЕ ВРАЌА ВО ДРЖАВНИОТ ДРЕС Американските медиуми тврдат дека ќе игра за Србија на ЕП

ЈОКИЌ СЕ ВРАЌА ВО ДРЖАВНИОТ ДРЕС Американските медиуми тврдат дека ќе игра за Србија на ЕП

Ѕвездата на Денвер Нагетс и еден од најдоминантните кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, ќе настапи за репрезентацијата на Србија на претстојното Европско првенство во кошарка, тврди американскиот новинар Иван Сидери, кој пишува за магазинот Форбс.

Информацијата објавена во американските медиуми предизвика изненадување, бидејќи во Србија сè уште нема официјална потврда за настапот на Јокиќ. Дури и дел од српските репрезентативци изјавија дека не знаат дали МВП играчот ќе се приклучи на националниот тим.

Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември, во четири различни земји, а настапот на Јокиќ би бил огромен поттик за амбициите на Србија да стигне до медал. Ако веста се покаже како точна, љубителите на кошарката ќе имаат можност повторно да го гледаат Јокиќ во репрезентативниот дрес, што не се случувало често во последните години.

CATEGORIES
Share This