ОХРИД СЕ СТРЕСЕ Земјотрес од V степени пред зори

Земјотресот предизвика вознемиреност кај населението, но за среќа, не се пријавени материјални штети.

ОХРИД СЕ СТРЕСЕ Земјотрес од V степени пред зори
Фото: Принтскрин

Рано утринава, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку станиците поставени низ целата држава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше серија на земјотреси со епицентри во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.

Според досега прибраните податоци, најизразен беше земјотресот почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и околните места, со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во останатите делови од југозападна Македонија потресот беше почувствуван со интензитет од III до IV степени.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај населението, но за среќа, не се пријавени материјални штети.

CATEGORIES
Share This