ОГНЕНА НОЌ ВО РУСИЈА Украински дронови удираат, рафинерија во пламен

Седум лица повредени во Твер по удар на украински дрон, жителите евакуирани

ОГНЕНА НОЌ ВО РУСИЈА Украински дронови удираат, рафинерија во пламен
Фото: Принтскрин

Најмалку седум лица се повредени откако украински дрон удрил во станбена зграда во рускиот град Твер, соопшти гувернерот на Тверската област, Виталиј Королев.

Повеќе руски региони ноќеска беа цел на масовни напади со беспилотни летала. Во Твер, ударот врз станбена зграда предизвика оштетување на долните катови и повреди кај шест возрасни и едно дете, кои веднаш биле пренесени во болница. Жителите од објектот се евакуирани, соопшти гувернерот на Тверската област, Виталиј Королев.

Руската рафинерија „Славнефт-ЈАНОС“-– една од петте најголеми во државата избувнала во пламен по наводен удар од украинско беспилотно летало. Локалните жители пријавиле најмалку седум експлозии над градот, по што следувале информации за пожар во рафинеријата, која се наоѓа околу 700 километри од украинската граница.

OSINT-извори потврдија дека објектот бил погоден, а гувернерот на регионот, Михаил Јевраев, претходно предупредувал на можни воздушни напади. Независниот руски канал „Астра“ објави фотографии и видеа од пожарот утрината на 12 декември.

Рафинеријата е значаен производствен капацитет, со годишен обем на преработка од околу 15 милиони тони сурова нафта, вклучувајќи производство на бензин, дизел и авионско гориво.

Покрај Јарослављ и Твер, мета на беспилотни летала биле и регионите Смоленск и Москва. Градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, соопшти дека воздушната одбрана пресретнала осум дронови кои се приближувале кон градот.

Штетата засега не е целосно утврдена. Украина официјално не ги коментираше пријавените напади, но е познато дека Киев користи дронови со долг дострел за да ја погоди руската енергетска инфраструктура и да го намали финансирањето на руската воена операција.

Руското Министерство за одбрана објави дека системите за воздушна одбрана ноќеска собориле вкупно 90 украински беспилотни летала над неколку региони и тоа: 63 над регионот Брјанск, 8 над Јарослављ, 4 над Московскиот регион, 3 над Смоленск, Твер и Црното Море, 2 над Тамбов и Тула и 1 над Орел и Ростов

CATEGORIES
TAGS
Share This