ОДМОР СО ЧЕКАЊЕ Редови возила на „Богородица“ за излез од Македонија
Иако, петок, 2-ри мај е неработен, сепак многумина го споиле празникот со викендот.

На граничниот премин „Богородица“ денес е забележана зголемена фреквенција на сообраќај, особено на излез од Македонија.
Според слики кои ги доби Национал се гледаат редиците возила се протегаат по сите четири колони, каде што автомобили и автобуси се наредени едни до други, создавајќи густ сообраќаен метеж.
Најбројни се македонски и возила со српска регистрација.
Се апелира до граѓаните да планираат дополнително време за патување, особено оние кои се упатуваат кон овие гранични премини.
CATEGORIES Македонија


