ОДЛИЧЕН И ТЕМЕЛЕН – Трамп за разговорот со Си Џинпинг

Американскиот претседател најави позитивни резултати во односите меѓу САД и Кина пред претстојната посета на Пекинг, со акцент на трговија, Тајван и енергетика.

ОДЛИЧЕН И ТЕМЕЛЕН – Трамп за разговорот со Си Џинпинг
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „одличен, долг и темелен“ телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, пред својата претстојна официјална посета на Пекинг.

Во разговорот биле разгледани прашања како трговија, војска, Тајван, војната во Украина, ситуацијата во Иран, купување на нафта и гас од САД и зголемување на квотите за земјоделски производи, вклучително соја. Трамп посочи дека сите теми биле „многу позитивни“.

„Односот со Кина, како и мојот личен однос со претседателот Си, е исклучително добар. Верувам дека во следните три години ќе постигнеме многу позитивни резултати во односите меѓу САД и Кина“, напиша Трамп на Truth Social.

CATEGORIES
Share This