ОД ЗЕНИТ ДО БАЕРН – Димитријевиќ се пресели во Евролигата

Димитријевиќ повторно во Евролигата – ќе помогне ли Баерн да се искачи на табелата

ОД ЗЕНИТ ДО БАЕРН – Димитријевиќ се пресели во Евролигата
Фото: Принтскрин

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, од денес официјално има нов клуб. Популарниот Нено за прв пат во кариерата ќе настапува во Германија, во редовите на најголемиот германски тим Баерн Минхен.

Трансферот од рускиот Зенит во Баерн денеска е официјализиран и потврден од баварскиот клуб.

„Баерн е голема и многу респектабилна организација, а кога тренерот Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест“, изјави Димитријевиќ.

Со овој трансфер, Нено повторно ќе игра во најквалитетната клупска европска конкуренција – Евролигата. Баерн, по 19 одиграни натпревари, се наоѓа при дното на табелата со само 6 победи. Дали Нено ќе им помогне на Баварците во вториот дел од сезоната да се изборуваат за разигрувањето, останува да се види.

Неговото прво големо дерби во новиот клуб се очекува во среда, кога во Минхен ќе гостува шпанската Басконија.

CATEGORIES
Share This