ОД ТЕКСАС ДО МЕСЕЧИНАТА – Тајниот план на Маск излегува на виделина
Милијарди чипови, роботи и сателити и визија што ја менува иднината.

Проектот Terafab, фабрика за производство на полупроводници развиена од Tesla, SpaceX и xAI, официјално започна со работа. Елон Маск го претстави проектот во саботата вечерта, во поранешна електрана во Austin.
Овој амбициозен објект има цел да произведува капацитет од еден терават годишно за потребите на вештачката интелигенција и бројка што е речиси двојно поголема од вкупниот електроенергетски капацитет на САД.
Околу 80% од производството ќе биде наменето за распоредување во вселената, додека остатокот ќе служи за апликации на Земјата. Маск го опиша проектот како прв чекор кон „галактичка цивилизација“.
Terafab ќе произведува два вида чипови и тоа едни за поддршка на роботите Optimus и возилата на Тесла и други, означени како D3, специјално дизајнирани за вселенски мисии.
Според најавите, производството на роботите Optimus би можело да надмине производство на автомобили за 10 до 100 пати, што подразбира милијарди чипови годишно.
Фабриката претставува уникатен проект што ги поврзува комерцијалните и вселенските операции и нешто што досега не е постигнато во ваков обем.
Маск истакна дека соларните панели во вселената се до пет пати поефикасни од оние на Земјата, благодарение на постојаната изложеност на сончева светлина. Ова, според него, ќе ја направи орбиталната вештачка интелигенција поевтина за работа на долг рок.
Во првата фаза, производството ќе биде насочено кон дата-центар во Вирџинија, кој ќе служи како почетна точка пред преминот кон целосно орбитално распоредување.
Долгорочниот план оди уште подалеку и кон Месечината. Маск постави цел за достигнување капацитет од петават, што е илјада пати повеќе од почетната цел, но тоа би барало преместување на производството надвор од Земјата.
Поради ниската гравитација и отсуството на атмосфера, Месечината се гледа како идеална локација за следната фаза. Планот предвидува изградба на база и користење на електромагнетен „масен драјвер“ и систем што би лансирал сателити директно во вселената без ракети.
За споредба, ракетите на SpaceX моментално чинат околу 1.200 долари по фунта товар. Новата технологија би можела драматично да ги намали тие трошоци.
Сепак, ваков систем сè уште не е изграден ниту тестиран, а инженерските предизвици остануваат значителни.
Маск изјави дека неговата цел е изградбата на лунарната инфраструктура да се реализира во текот на неговиот живот. Во меѓувреме, Terafab веќе работи, додека чиповите D3 се сè уште во фаза на дизајн.
Со ова, трката за поставување на вештачка интелигенција во вселената практично започнува и со еден играч кој веќе ги обединува ракетите, роботите, чиповите и сателитите во единствена стратегија.


