(ФОТО) ИЗБОРОТ НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА – Едната шарена револуционерка, другата помилувала член на наркокартелот
Јавноста ја критикува одлуката за избор на адвокатката Јошевска – поранешна советничка во СЈО, и професорката Шахиновиќ, контроверзна по ангажманот во Комисијата за помилување.

Само ден по изборот во Собранието на новите членки на Судскиот совет Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Атанасовска излегуваат на виделина контроверзи за овие личности. Тие беа предложени од претседателката Гордана Силјановска – Давкова.
Адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска како активна учесничка во Шарената револуција своевремено беше наградена со функцијата советник во тогашнот СЈО на Катица Јанева која заврши во затвор и чија работа беше обележана со скандали. Правни експерти за Национал истакнуваат дека нејзиниот ангажман како адвокат и паралелното работење со обвинителство било проблематично, бидејќи природата на работата на адвокатот и обвинителот е спротивставена. Но додаваат дека уште пострашно е што, со Шарената револуција се направи голема штета на Република Македонија со инсталирањето на марионетска влада на Зоран Заев и бришење на се што е македонско.
Арлинда Кадри Шахиновиќ во изминатиот период беше во фокусот на неколку скандали и стана позната како член на Комисијата за помилување на Сиљановска-Давкова, која поднесе колективна оставка поради спорната одлука да се помилуваат десет осуденици, меѓу кои и член на наркокартелот „Барон“. Покрај тоа, таа доби ангажман во Фудбалската федерација на Македонија како претседателка на Комисијата за жалби при ФФМ од страна на тогашниот претседател Муамед Сејдини, без одобрување од Управниот одбор, како и ангажман на приватниот МИТ Универзитет, додека претходно предавала на ФОН.
Претседателката Силјановска – Давкова образложи дека изборот се темелел на „стручност и компетентност“ на кандидатките. Сепак, експертите и дел од јавноста се прашуваат за мотивите зад нивниот избор, особено поради спорната мината работа на двете. Судскиот совет има клучна улога во обезбедувањето независно и непристрасно судство, бидејќи одлучува за избор, разрешување, унапредување и дисциплинска одговорност на судиите, што директно влијае на интегритетот и квалитетот на судскиот систем.
Засега останува контроверзата дека претседателката Сиљановска – Давкова предложи нови членови на Судскиот совет со сомнително минато кои преземале активности кои не доликуваат на член на најрелевантната судска инстанца.



