ОД РИМ ДО ВИЕТНАМ Дали блискоста на Макрон и Мелони е причина за воспитната шлаканица од Брижит
Што навистина се случи - јавноста сè уште чека одговор. Но едно е јасно: Макрон се најде во вртлог од политичка и лична драма, во која секој потег се анализира под лупа. И ако навистина „секна на нос“, можеби не е само фигуративно.

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана главна тема на социјалните мрежи, но овојпат не поради дипломатските активности, туку поради серија снимки и фотографии кои отворија лавина шпекулации – и политички и приватни.
Средбата во Рим меѓу Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони изгледаше како стандардна политичка агенда – ракување, формални насмевки и неколку бакнежи во образ, како што налага дипломатскиот протокол. Но, за корисниците на социјалните мрежи, сликата била „препремногу срдечна“, а реакциите не задоцнија.
„Дали гледаме почеток на нова сапуница или само уште една европска соработка?“, прашуваат некои, додека други коментираат дека „Брижит сигурно си го проверува телефонот“.
Иако Макрон и Мелони имаа несогласувања во минатото, италијанската премиерка изјави дека меѓу нив нема лични конфликти, туку желба за нова етапа на соработка. Француски извори, пак, велат дека Макрон бил тој што инсистирал на средбата – со цел да покаже единство и нова енергија во европската политика.
Но, токму по оваа средба, драмата доби неочекуван пресврт.
На интернет се појавија снимки од претседателскиот авион во Виетнам, каде што, според тврдењата на бројни корисници, може да се забележи момент кога женска рака во црвена јакна – за која многумина тврдат дека е на Брижит Макрон – ненамерно или намерно го удира претседателот по лице.
Иако нема официјална потврда за инцидентот, видеото брзо се прошири, а вниманието го привлече и студениот однос на првата дама, која како што покажува снимката не го прифаќа гестот на својот сопруг да ѝ ја подаде раката додека излегуваат од авионот.
Интернетот не простува. Од теории за љубомора поради Мелони, до наводни брачни тензии кои со години биле вешто сокривани, шпекулациите се множат со секој нов ден.
Што навистина се случи – јавноста сè уште чека одговор. Но едно е јасно: Макрон се најде во вртлог од политичка и лична драма, во која секој потег се анализира под лупа. И ако навистина „секна на нос“, можеби не е само фигуративно.


