ОД РЕАЛ ДО ЛИОН – Бразилецот блеска со четири гола на три натпревари
Бразилскиот напаѓач постигна хет-трик во вториот меч за Лион во Лига 1

Фото: Принтскрин
Бразилскиот напаѓач Ендрик блесна во Лига 1, постигнувајќи три гола во победата на Лион над Мец со 5-2.
Ова беа неговите први голови на вториот натпревар за Лион во француското првенство, а воопшто, Бразилецот веќе има четири гола на три меча за клубот.
Од неговото доаѓање во Лион на позајмица од Реал Мадрид, тимот не знае за пораз. Ендрик, кој се надева на повик од селекторот Карло Анчелоти за Светското првенство, постигна гол и на својот дебитантски настап за Лион во Купот на Франција.
CATEGORIES Фудбал

