ОД ПРВАТА ДО ДЕНЕШНАТА ГЕНЕРАЦИЈА – 15 години факултети.мк
Поддршката на талентирани ученици, студенти и професори и понатаму останува наша мисија, а проверените информации наш главен приоритет.

Факултети.мк денес слави 15 години посветена работа во информирањето за образованието, науката, екологијата, медицината и инспиративните приказни за успешни луѓе од Македонија и светот информираат од Порталот.
Во текот на овие 15 години, заедно со нашите читатели растевме, се развивавме и ги следевме сите важни општествени промени, секогаш со цел навремено, точно и квалитетно да ја информираме јавноста.
Од Факултети.мк произлегоа и нови успешни платформи и проекти – Deca.mk и „Светот на Биби“, со кои дополнително ја проширивме нашата мисија за едукација, инспирација и поддршка на најмладите.
Факултети.мк останува платформа отворена за сите – за вашите идеи, мислења, колумни и иницијативи. Горди сме што низ годините изградивме доверба и што успеавме да одговориме на илјадници прашања, помагајќи им на младите и на сите кои бараат знаење и насока.
Поддршката на талентирани ученици, студенти и професори и понатаму останува наша мисија, а проверените информации наш главен приоритет.
Ви благодариме за довербата низ сите овие години.
Заедно продолжуваме понатаму!
