ОД ПОЛНОЌ ПОЕФТИНУВААТ ГОРИВАТА – Еуродизел поевтинува за 1 денар, еуросупер за 0,5 ден
Регулаторната комисија објаснува дека намалувањето е резултат на движењата на референтните берзански цени во последните седум дена.

Фото: Национал
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги објави дека од полноќ стапуваат во сила пониски цени на сите нафтени деривати, со најголемо намалување кај екстралесното масло за домаќинство.
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 – поевтинува за 0,5 ден./л, нова цена: 74,5 ден.
-
ЕУРОСУПЕР БС-98 – поевтинува за 0,5 ден./л, нова цена: 77 ден.
-
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 ден./л, нова цена: 68,5 ден.
-
Екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – поевтинува за 1,5 ден./л, нова цена: 68 ден.
-
Мазут М-1 НС – поевтинува за 0,2 ден./кг, нова цена: 39,9 ден.
Регулаторната комисија објаснува дека намалувањето е резултат на движењата на референтните берзански цени во последните седум дена.
CATEGORIES Бизнис


