ОД ПОЛНОЌ ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ – Дизелот останува ист
Трговците можат да продаваат и пониско од утврдените цени

Фото: Национал
Од полноќ, цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 1 денар по литар. Цените на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,233 денари по килограм и сега изнесува 33,883 денари/кг.
Од 00:01 часот на 17.2.2025 година „Евросупер БС-95“ ќе се продава по 73 денари/литар, „Евросупер БС-98“ по 75 денари/литар, „Дизелот“ по 68 денари/литар и Екстра-лесното масло за домаќинство по 67 денари/литар
РКЕ напоменува дека ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и мало можат да ги продаваат производите и пониско од овие цени.
CATEGORIES Бизнис


