ОД ПЛОШТАДОТ ДО ПЕЛИСТЕР Битола ја живее својата најсветла зимска приказна

Детско кино, живи концерти и гастрономски изненадувања за целата фамилија

ОД ПЛОШТАДОТ ДО ПЕЛИСТЕР Битола ја живее својата најсветла зимска приказна
Фото: Принтскрин

Од 20 до 31 декември, Битола повторно ќе се преобрази во светлечка зимска бајка. Осум магични локации – од Плоштадот Магнолија, преку Широк Сокак, Офицерскиот дом и Пациото на музејот, па сè до Старата чаршија и Пелистер ќе се претворат во сцена полна со култура, музика и улична уметност.

Посетителите ќе можат да уживаат во детско кино под отворено небо, живи концерти и DJ сетови, зимски базар и гастрономски изненадувања, како и светлечки инсталации кои ја нагласуваат убавината на битолската архитектура. Секоја локација ќе носи своја уникатна атмосфера, создавајќи празнична целина за сите генерации – од најмалите кои веруваат во чудо, до семејствата и младите кои го бараат ритамот на градот.

Организаторите истакнуваат дека „Зимска Приказна“ не е само фестивал, туку празнична приказна која ја живее целата заедница. Оваа година, Битола ветува уште посветла и повесела атмосфера за сите свои посетители.

Добредојдовте во Зимска Приказна на прагот на 2026 година!

CATEGORIES
Share This