ОД ХАРТИЈА ДО АКЦИЈА Владата со нови мерки за конфискација на имот од криминал

Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

ОД ХАРТИЈА ДО АКЦИЈА Владата со нови мерки за конфискација на имот од криминал
Фото: Национал

Владата на денешната 84-та седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028, заедно со Акцискиот план.

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план.

Владата на Република Македонија со овој документ ја потврдува својата определба за борба против организираниот криминал и корупција, стремејќи се преку системски пристап да се зајакнуваат надлежните институции за спроведување финансиски истраги што би резултирало со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

И најдобриот стратешки документ е само парче хартија доколку нема резултати од имплементација на зацртаните цели и активности.

Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

CATEGORIES
TAGS
Share This