ОД ДЕНЕС ЗИМСКА ОПРЕМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДО 15 МАРТ Што мора да има секое возило
Зимски гуми или летни со синџири – зависно од категоријата на возилото.

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за сите возила, која ќе важи до 15 март следната година.
За да ги избегнете сообраќајните казни и прекршоци, неопходно е возилото да биде усогласено со пропишаните правила: Возила до 3.500 кг: задолжителни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од најмалку 4 мм, или летни гуми со иста длабочина, но со задолжително носење синџири за снег. Возила со погон на сите тркала (4х4): зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм и задолжителни синџири за снег. Возила над 3.500 кг: зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжително носење синџири за снег.
Покрај тоа, автобусите и товарните возила мора да имаат и прирачен алат, како што е лопата, доколку нема можност да користат синџири за снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

