ОД ДЕНЕС ВАЖАТ КВОТИТЕ ЗА РАБОТНИ ДОЗВОЛИ – 9.750 дозволи за редовно вработување на странци во 2026
Владата ги дефинира условите за вработување странци во 2026

Фото: Принтскрин
Владата ја утврди квотата за издавање работни дозволи за странски државјани во 2026 година, која изнесува 10.000 дозволи.
Од вкупната бројка, најголем дел – 9.750 дозволи се предвидени за регуларно вработување на странци. Дополнително, 200 дозволи се наменети за упатени работници, а 50 за сезонски ангажмани.
Квотата опфаќа 4.500 дозволи за нови работници и 5.250 за продолжување на веќе издадени дозволи на лица кои во моментов работат во земјата.
Министерството за економија и труд ќе го следи користењето на квотата и состојбите на пазарот на трудот. Одлуката стапува во сила од 16 јануари 2026 година.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


