ОД БОЛКАТА ТРАЕН СПОМЕН – 63 јавори во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Акт на човечност што обедини семејства и заедница во најтешките моменти

ОД БОЛКАТА ТРАЕН СПОМЕН – 63 јавори во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“
Фото: Принтскрин

Во Кочани беа засадени 63 јавори – по еден за секој млад живот изгубен во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Семејствата на загинатите велат дека овој чин не е само еколошка иницијатива, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секое дрво е жив споменик, тивка почит и сеќавање на нивните деца.

Наместо студени камени обележја, тие одбрале да засадат дрвја што ќе растат, ќе живеат и ќе сведочат за постоењето на нивните најмили како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Семејствата упатија благодарност до сите што пружиле поддршка и солидарност во најтешките моменти, нагласувајќи дека токму таа заедничка човечност и општествена одговорност од болката создадоа нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.

CATEGORIES
TAGS
Share This