ОД АМБАСАДОР И ПРОФЕСОР ДО МИТРОПОЛИТ Георгиј е новиот предводник на Дебарско-кичевската епархија

Со неговиот избор, Црквата изрази надеж за континуитет, духовна обнова и натамошно јакнење на мисијата во рамките на Дебарско-кичевската епархија.

ОД АМБАСАДОР И ПРОФЕСОР ДО МИТРОПОЛИТ Георгиј е новиот предводник на Дебарско-кичевската епархија
Фото: МПЦ

Заврши денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија и наследник на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј е едногласно беше иазбран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски).

Изборот на игуменот Георгиј е направен по строг црковен ред и согласност на сите архиереи на Синодот. Одлуката претставува важен чекор во продолжување на духовното и административно водење на епархијата. Денот на неговата епископска хиротонија ќе биде дополнително соопштен.

Игуменот Георгиј, со световно име Ѓоко Ѓоргевски, има богато црковно и дипломатско искуство. Тој е поранешен декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и поранешен амбасадор на Република Македонија во Ватикан.

Неговото замонашување се случи на 27 мај 2025 година, по што на 28 мај беше ракоположен во чин јероѓакон, а веќе на 29 мај во чин јеромонах.

Со неговиот избор, Црквата изрази надеж за континуитет, духовна обнова и натамошно јакнење на мисијата во рамките на Дебарско-кичевската епархија.

CATEGORIES
TAGS
Share This