ОД 2 ЌЕ БИДЕ 3 – Ноќеска се менува времето, еве што треба да знаете
Спиеме еден час помалку, но добиваме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

Летното сметање на времето во 2026 година почнува ноќва. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред, па наместо 2 часот ќе биде 3 часот.
Ова значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но во исто време ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.
Промената на времето во нашата земја, како и во повеќето европски земји, се врши двапати годишно: последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога се враќа зимското сметање на времето.
Летното сметање на времето годинава ќе трае до 25 октомври, кога во 3 часот по полноќ ќе започне зимското сметање.
Воведувањето на летното сметање на времето е регулирано со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/96 и 16/97) и е усогласено со европските директиви.
