ОД 15 НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕНО ПОСЕДУВАЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА МВР со апел до возачите да ја почитуваат обврската
МВР апелира возачите да ја почитуваат оваа обврска за да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај во зимски услови.

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека од 15 ноември до 15 март сите возила кои учествуваат во сообраќајот мора да поседуваат зимска опрема, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Зимска опрема за возила до 3.500 кг:
- зимски пневматици на сите тркала со длабочина на шарата најмалку 4 мм, или
- летни пневматици со најмалку 4 мм длабочина и синџири за снег во приборот.
За возила со погон на четири тркала (4×4):
- зимски пневматици со најмалку 6 мм длабочина, или
- летни пневматици со најмалку 4 мм и синџири за снег за погонската осовина.
За возила потешки од 3.500 кг:
- зимски пневматици на погонските тркала со најмалку 6 мм длабочина, или
- летни пневматици со најмалку 4 мм и синџири за снег;
- автобусите и товарните возила кои не можат да користат синџири мора да имаат зимски пневматици и лопата.
Зимските пневматици треба да имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ или знак со снегулка на планина. Забранети се пневматици со клинци.
МВР апелира возачите да ја почитуваат оваа обврска за да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај во зимски услови.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


