ОД 1. ЈАНУАРИ СТАРТУВА ПИЛОТ ПРОЕКТОТ „Е-ФАКТУРА“ Целта е намалување на злоупотреби и фиктивни фактури
Пилот фазата ќе започне со техничка интеграција и тестирање за ИТ компании и економски оператори, додека клиентската и веб апликацијата за помалите компании ќе бидат објавени во првиот квартал 2026 година.

Од 1 јануари стартува пилот фазата на проектот е-фактура, со кој ќе се намали ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најави директорката на УЈП, Елена Петрова. Системот е усогласен со меѓународни стандарди и ќе овозможи лесна интеграција со софтверите на компаниите, а целта е подобро управување со јавните финансии, намалување на сивата економија и поефикасна даночна контрола.
Пилот фазата ќе започне со техничка интеграција и тестирање за ИТ компании и економски оператори, додека клиентската и веб апликацијата за помалите компании ќе бидат објавени во првиот квартал 2026 година. Системот ќе користи централизиран модел со комуникација во реално време, вклучувајќи и пропратни документи за целосна деловна трага, со фокус на безбедност, автентичност и стабилност на податоците.
Конференцијата АмЧам истакна дека дигитализацијата ја зајакнува владеењето на правото, бара соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, инвестиции во дигитални вештини и заштита на сајбер безбедноста.


