ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ЗАБРЗУВА ПРОЦЕСОТ ЗА КОЧАНИ – Од мај испитување на оштетените и семејствата на настраданите
Пожарот избувна на 16 март, за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица.

Обвинителскиот тим што работи на истрагата за пожарот во Кочани, интензивно презема итни дејствија за обезбедување на докази за кривичната постапка, соопшти Јавното обвинителство.
Според информациите од Обвинителството, испитувањето на оштетените лица, како и на семејствата на настраданите и нивните полномошници, се очекува да започне на почетокот на мај. Имајќи предвид дека станува збор за голем број засегнати, Обвинителството најави дека дополнително ќе го објави точниот распоред и динамиката на испитувањата.
„Обвинителството активно ги прибира сите потребни контактни и адресни податоци на оштетените, како и на членовите на семејствата на настраданите и нивните правни застапници“, велат од обвинителството.
Од таму истакнуваат дека ќе се постапува со внимание кон здравствената состојба на повредените и другите релевантни околности, со цел навремено и транспарентно да се информираат сите засегнати лица за нивните права и за начинот на нивно вклучување во постапката.
Паралелно со подготовките за испитување, обвинителскиот тим врши сослушувања и координира вештачења кои се од клучно значење за целосно расветлување на случајот.
Пожарот избувна на 16 март, за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица.


