ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец осомничен за експлоатација на 23-годишна косовска државјанка

ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец осомничен за експлоатација на 23-годишна косовска државјанка

Основното јавно обвинителство Тетово поведе кривична постапка против 48-годишен маж под сомнение дека извршил кривично дело „Посредување при вршење проституција“ согласно член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителниот акт, осомничениот во текот на последните два месеци повеќепати посредувал и обезбедувал клиенти за 23-годишна државјанка на Косово. Таа била сместена во мотел во негова сопственост, каде што пружала сексуални услуги за паричен надомест. Поголемиот дел од заработката му го предавала токму на осомничениот.

По барање на јавниот обвинител, на мажот му е определена мерка притвор, додека жената е згрижена во транзитен центар за странци сè до завршување на постапката. Обвинителството информира дека истрагата е во тек и се преземаат дополнителни дејствија за целосно расветлување на случајот.

CATEGORIES
Share This