ОБЛАЦИ И СЛАБ СНЕГ – Поизразен ветер во Повардарието

Метеоролошките услови најавуваат стабилно, но студено време

ОБЛАЦИ И СЛАБ СНЕГ – Поизразен ветер во Повардарието
Фото: Национал

Времето денеска (03.02) ќе биде променливо облачно со појава на слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен во Повардарието.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер од северозапад. Температурата ќе изнесува 5 степени Целзиусови, атмосферскиот притисок 976 hPa, влажноста на воздухот 78 проценти, а брзината на ветерот околу 3 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This