ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ – Најинтензивен дожд во северозападните делови

Попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, со поинтензивни количества во северозападните делови на земјата.

ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ – Најинтензивен дожд во северозападните делови
Фото: Принтскрин

Времето денеска (14.02.) ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на ноќта со температура во интервал од 0 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните делови, каде локално се очекуваат над 25 l/m². Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен, од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе се засилува.

CATEGORIES
Share This