ОБЛАЧНО И МАГЛОВИТО ВРЕМЕ – Дожд во пониските, снег во повисоките места

Поради продор на постуден воздух, дождот постепено ќе преминува во снег, особено на повисоките места.

ОБЛАЧНО И МАГЛОВИТО ВРЕМЕ – Дожд во пониските, снег во повисоките места
Фото: Национал

Денеска (09.01) времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрво во јужните делови, а потоа насекаде. и температура во интервал од 0 до 11 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје, претежно облачно и магловито со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This