ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Јужен ветер низ земјава

Врнежите ќе бидат поизразени во западните делови, а на планините се очекува снег.

ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Јужен ветер низ земјава
Фото: Национал

Времето денеска (20.02.) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег и со температура во интервал од -2 до 11 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This