ЈО СЕЛЕКТИВНО ЗА ИСТ СЛУЧАЈ За аудито на Филипче од 130 000 евра повластен третман, за автомобилите на Мирчевски кривичен прогон

ЈО да не ги става работите „под тепих“ особено бидејќи е потребно целосно чистење на криминалот и корупцијата, бидејќи недовербата што постои во судските органи не дозволува половични решенија. Граѓаните очекуваат правда и владеење на правото.

ЈО СЕЛЕКТИВНО ЗА ИСТ СЛУЧАЈ За аудито на Филипче од 130 000 евра повластен третман, за автомобилите на Мирчевски кривичен прогон
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Сопственикот на Зобек Мининг фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите самиот потврдува дека тој го зема џипот на лизинг и подоцна му го дава на Филипче, а и денес е во негова сопственост.

Сомнежи постојат бидејќи фирмата Зобек Мининг добивала државни тендери од ЕСМ за набавка за јаглен во милионски износи.

Идентичен е случајот со Пеце Мирчевски директор на СОЗР во време на СДС за кого ЈО отвори постапка и го гони, бидејќи фирма добитник на државни тендери му дала две возила.

Идентичен случај различен третман од ЈО. Со што ги уценува Филипче што ЈО не постапува?  Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, за Филипче нема постапка.

Jавноста со право сака да знае зошто нема брз, навремен и ефикасен институционален одговор. Дали Филипче има повластен трертман само затоа што е функционер и претседател на СДС?

Јавноста очекува превземање чекори и активност како и поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата и случаи на кривични дела сторени од високи функционери.

ЈО да не ги става работите „под тепих“ особено бидејќи е потребно целосно чистење на криминалот и корупцијата, бидејќи недовербата што постои во судските органи не дозволува половични решенија. Граѓаните очекуваат правда и владеење на правото.

ЈО да отвори постапка за Венко Филипче.

CATEGORIES
Share This