НОВО ПОГЛАВЈЕ НА БЕРНАБЕУ – Арбелоа седна на жешката клупа на Реал

Поранешниот дефанзивец ја презема клупата по заминувањето на Чаби Алонсо

НОВО ПОГЛАВЈЕ НА БЕРНАБЕУ – Арбелоа седна на жешката клупа на Реал
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше Алваро Арбелоа како нов привремен тренер на првиот тим, откако вчера беше раскината соработката со Чаби Алонсо. Како што соопшти „кралскиот клуб“, поранешниот дефанзивец ќе ја води екипата до крајот на актуелната сезона.

„Ова е посебен ден за мене, како и секој ден поминат во Реал Мадрид. Свесен сум за одговорноста и задачата што стои пред мене и ја прифатив со голем ентузијазам. Вчера бев информиран дека ќе го преземам првиот тим и веднаш разговарав со Чаби, но тој разговор ќе остане меѓу нас“ – изјави Арбелоа.

На официјалната промоција присуствуваше и директорот на клубот, Емилијо Бутрагењо, а Арбелоа денеска веќе го одржа и првиот тренинг со фудбалерите на Реал Мадрид.

CATEGORIES
Share This