НОВИОТ РУСКИ АМБАСАДОР ПРИСТИГНА – Сиљановска очекува професионално однесување

Претседателката ги прими акредитивните писма на новиот руски амбасадор, со порака за мир и соработка.

НОВИОТ РУСКИ АМБАСАДОР ПРИСТИГНА – Сиљановска очекува професионално однесување
Фото: Претседател на РМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руска Федерација, Дмитриј Зиков.

На средбата, Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Русија и рускиот народ, во согласност со меѓународното право, соопштија од нејзиниот кабинет.

Амбасадорот Зиков истакна дека претставувањето на неговата земја во Северна Македонија претставува значајна и одговорна мисија. Тој ја нагласи подготвеноста на руската страна за отворена соработка и градење рамноправни и заемно корисни односи, со цел унапредување на просперитетот, благосостојбата и развојот.

Во таа насока, претседателката изрази надеж дека претстојниот христијански празник Велигден ќе донесе крај на војните и ќе означи почеток на нова ера на мир и благосостојба.

CATEGORIES
Share This