НОВИ СУДИИ ИЗБРАНИ ВО СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА Петмина од Граѓански суд, една од Крива Паланка
Судскиот совет ги избра на 523. седница во мај годинава, по што следуваа рокови за жалби.

Пред Судскиот совет денеска свечена изјава дадоа шестмината новоизбрани судии на Апелациониот суд Скопје – Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.
Судскиот совет ги избра на 523. седница во мај годинава, по што следуваа рокови за жалби. Петмина од нив доаѓаат од Основниот граѓански суд Скопје, а Ѓошевска од Основниот суд Крива Паланка.
На истиот оглас за избор на 10 судии во Апелација, покрај нив, беа избрани и четворица судии за кривична област: Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова и Иван Џолев од Основниот кривичен суд Скопје, како и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово.
Свечена изјава денеска даде и Бојан Мартиноски, кој стапува на функцијата претседател на Основниот суд Охрид.


