НОВА ОБЈАВА НА ТРАМП – Се прогласи за лидер на Венецуела
Медиумите го прашуваат: станува ли збор за сериозно нарушување на меѓународниот поредок или само за лоша шега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social објави лажна страница од Википедија, тврдејќи дека е вршител на должноста претседател на Венецуела.
На објавата, Трамп ја додаде новата титула „Самопрокламиран владетел на Венецуела“, што многумина го оценија како ексцентрична и шокантна постапка.
Поставувањето на оваа објава поттикна прашања дали станува збор за обид за понатамошно нарушување на меѓународниот поредок, за што Трамп, според медиумите, активно работел во последните денови, или само за лоша шега.
Да потсетиме, на 3 јануари 2026 година, САД започнаа напади врз Венецуела во кои претседателот на земјата, Николас Мадуро, беше уапсен и пренесен во САД со лисици. Притоа, Трамп објави дека против Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, е поднесено обвинение во Њујорк и дека тие ќе бидат судени таму. Во нападот врз Венецуела загинаа околу 40 лица. По апсењето на Мадуро, Трамп тврди дека „од сега тој ќе ја води земјата“.


