НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ОФИЦЕРИ Свечена заклетва на 29-тата класа во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“
Питомци од Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора станаа дел од новата генерација офицери

Фото: Принтскрин
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-– Скопје денеска се одржа свечена церемонија по повод полагањето заклетва на 29-тата класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Заклетва дадоа вкупно 59 кандидати – 31 питомец и 28 слушатели.
Оваа класа е со меѓународен карактер, бидејќи меѓу питомците се и пет кандидати од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора.
На свеченоста присуствуваа највисоките државни и воени претставници, меѓу кои претседателката Гордана Силјановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Академијата, полковник проф. д-р Ненад Танески.
Настанот беше збогатен со присуството на високи претставници од Армијата, дипломатскиот кор, како и роднините на питомците.
CATEGORIES Македонија


