НОВА АКЦИЈА НА МВР – 21 тон марихуана запленети во струмичко
По 27 тони запленети во Скопје, уште 21 тон марихуана откриени во Струмичко.

Фото: Принтскрин
Утринава, во акција на Министерството за внатрешни работи, од фирмата „ЦБД Медплант“ лоцирана во струмичкото Ново Село се запленети 21 тон марихуана.
Според информациите како еден од сопствениците на „ЦБД Медплант“ се наведува Христијан Котев, но во бизнис и политичките кругови за фактички сопственик се смета неговиот татко, Тони Котев.
Инаку, Тони Котев, познат под прекарот М’гцев, е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село и дека низ годините остварувал повеќе бизнис-релации со Вице Заев.
Ова е втора поголема заплена на марихуана во период од само три дена. Завчера, во посебна полициска акција во фирмата „Алфа Фарм“ ДОО Скопје, сместена во кругот на поранешната фабрика ОХИС, беа запленети 27 тони марихуана.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


